Македонски фирми на саемот „Фруит логистика“ во Берлин

Од:

Македонски компании и годинава се дел од на еден од најголемите светски саеми за овошје и техничка логистика за производство, пакување и дистрибуција на свежо овошје и производи од овошје, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во организација на министерството за земјоделие и водостопанство 12 македон ски компании за прозиводство на овошје и производи од овошје и зеленчук се дел од 2.884 изложувачи чии штандови на Берлинскиот саем ќе ги посетат на 70 илјади посетители и претставници на компании од овој сектор.

– Со нашето учество тука воспоставуваме контакти запознаваме други компании на кои им ги нудиме и продаваме нашите производи. Нашите производи досега одеа главно во поранешните југословески републики и нешто во Русија а сега направиме контакт по кој нашите прозиводи ќе ги продаваме во Европската Унија, вели Стојан Стојановски претставник на фирмата „Румко“ од Ресен која по четврти пат се претставува на „Логистика Фруит“ во Берлин.

За Македонскиот компании учеството на саемот во Берлин е можност да најдат нови партнери за пласман на македонските прозиводи како и за да ги следат новините кои што значително можат да ги намалат цените на производство, пакување, складирање, дистрибуција како и да ја доближат Македонија во смисла на европските еколошки стандарди.

За Сијче Андонова претставник на компанијата „Венец“ од Долни Дисан оваа година главен таргет е германскиот пазар иако за пласман на нивните производи се преговара и со фирми од други европски и неевропски земји.

– Произведуваме грозје исто така произведуваме и вино. Бенефициите од овој саем ни се контактите што ги остваруваме со европските земји. Учествуваме на саемот веќе трета година и премногу сме задоволни. Планираме во иднина нашите продукти односно нашето вино и нашето гројзе и на германскиот пазар, вели Андонова за МИА.
Компанијата „Супер Фунги“ од Кочани веќе шеста година е присутна во Берлин каде што постојано ги проширува своите контакти и деловни врски со странски партнери.

– Ние работиме 90 до 100 посто на странските пазари и секогаш ќе продолжиме да работиме со странство затоа што иднината е на странските пазари каде што има поголем пазар и подобра цена. Благодарение на овој и другите саеми можеме да го следиме трендот на времето и да се преструктуираме да ги извадиме сите потребни сертификати за да можеме да учествуваме на европските пазари, вели Сашко Антовски сопственик на компанијата „Супер Фунги“ која во подготовката за настап на европските пазари најмила италијански дизајнери за пакување на нивните производи. Лани компанијата успеала на берлинскиот саем да договори продажба на 400 тони сливи од Македонија а за оваа година се планира најмалку 5 пати поголем извоз.

Саемот кој трае од 8 до 10 февруари собира компании од над 100 држави кои што ги претставуваат последните иновации, производи и услуги во меѓународниот систем за трговија со овошје и зеленчук.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска