Литванците не се воодушевени од перспективите на еврото

Од:

Во Литванија се покажа: мислењето на граѓаните е спротивно со плановите на владата. Според последните анкети, граѓаните не сакаат во своите паричници да носат евра, туку како до сега, литванските пари литас.

Уште минатата година, 49 отсто граѓани беа против, додека оваа година тој процент пораснал на 56 отсто. Тоа е многу за земја чија влада забрзано се стреми кон еврозоната, сакајќи да ја достигне таа цел во почетокот на идната година. Во друг обид. Порано во 2007 година, исто така имало дебати за потребата за воведување на еврото, но не им дале можност за тоа. Ги вратиле од половина пат и се бореле со инфлација без преседан од 17 отсто,  што Литванија го направи.

Сега очигледно ја нема таа желба. А на еврозоната напротив и треба Литванија. Ќе ја земат во еврозоната и ќе ги пренесат сите нејзини проблеми со долгови. А зошто да не. Во еврозоната стана правило: сите станари мора да платат за туѓите проблеми. Германија, како најголем донатор е уморна од тоа да финансира се сама. Естонија и Летонија веќе ја доживеаја цела убавина од единствената валута на ценовниците во продавниците, бензинските пумпи и фризерските салони. Гледајќи ги нив, Литванците се одлучија да не брзаат со еврото. Но, дали ќе ги послуша владата? Впрочем, веќе е одлучено и законот е усвоен. И се оди според планот, многу слично на латвијскиот. Таму тогаш еврото веќе беше на повидок и продавниците беа подготвени да прават нови ценовници и таму исто така малку луѓе го сакаа еврото. Поточно малцинството од 40 отсто. Останатите не сакаа да го изгубат поволниот и скап лит. Но, официјална Рига не го послуша мислењето на населението, мислењето на Брисел беше поважно.

Нешто ни зборува дека власта во Литванија исто така нема да ги послуша своите граѓани. Но, затоа другите земји на ЕУ ги слушаат своите граѓани. Од една страна тие ги искажуваат своите желби, но го хранат Брисел со доручеци. Тие одлучија прво тоа да го видат, дали треба да ги менуваат парите и дали затоа ќе мора скапо да платат за тоа? Бидејќи,  пред нив се наоѓаат впечатливи примери. Сега речиси никој не оспорува дека Грција може да ја спаси својата економија, да се заштити од кризата, да не побрзаше во еврозоната. Атина немаше да зема кредитит и немаше да ги укинува работните места. Литванија исто така го памти овој пример, барем на ниво на обичните граѓани.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата