Летонија стана 18-тата земја-членка на Еврозоната откако утринава Советот на министри за финансии на Европската унија (ЕКОФИН) даде “зелено светло“ оваа земја од 1 јануари 2014 година и официјално да започне да го користи еврото како официјална валута, јавува дописникот на МИА од Брисел.
На денешната прес-конференција во зградата на Европскито совет во Брисел, летонскиот премиер Валдис Домбровскис, истакна дека долгото патување за целосна интеграција на оваа поранешна советска република во Европа ќе заврши на почетокот на идната година, што носи големи поволности, но и обврски за земјата.
– Најпрво, да објаснам технички дека официјалната коверзија на нашата сегашна валута лот во еврото ќе се врши според официјалната размена на Летонската банка и изнесува 0,70 лоти за едно евро. Со влегувањето во Еврозоната, Летонија очекуваме да добие поголем економски развој, пониски каматни стапки, намалена стапка на провизија за валутна размена при трговија, со оглед на тоа што 70 проценти од нашат анадворешна трговија се одвива во евра. Се разбира, најголема придобивка, според случајот со Естонија, очекуваме да добиеме во однос на привлекување на странски инвестиции – истакна премиерот Домбровскис.
Според претседателот на летонската Влада, влезот во Еврозоната на неговата земја, освен повластување, носи и обврски, како што е учество во Европскио механизам за стабилност (ЕСМ), со кој Еврозоната им помага на змејите од нивното друштво кои се во финансиска криза.
Домбровскис напомена дека Летонија сега рамо до рамо со сотанатите 18 земји што го имаат еврото како валута, заеднички ќе се борат да се надмине кризата во Еврозоната оти, според него, еврото ќе опстои како валута и е сигурно!