ЛДП: Дали гувернерот Богов ја прикрива вистинската економска состојба?

Од:

„ЛДП изразува жалење што власта наместо со оставки, се занимава со упорно манипулирање на граѓаните презентирајќи розова слика за состојбите во економијата. Сега во улога на извршител на своите лаги и манипулации го ангажира Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, кој изнесе претенциозни проценки за економијата имајќи предвид дека и според пролетната прогноза од ЕУ за Македонија се укажува дека јавниот долг на Македонија се очекува да продолжи да расте и од 27,8 проценти во 2014 година, оваа година да достигне 29,1 отсто, а наредната година – 40,5 проценти.

Имено, во неговото интервју дадено за МИА, Богов изјави дека растот на економијата за годинава Народната банка (НБРМ) очекува да биде 3,7 проценти, а во наредната да изнесува 4,1 отсто и да биде еден од повисоките во регионот и пошироко. За жал, Македонија не само што не ги остварува овие реални бројки за раст истата одамна каска позади соседството, како во поглед на опоравување така и во поглед на раст“, се вели во писменото соопштение на ЛДП.

„Од друга страна, лесно може да се заклучи дека Гувернерот, се обиде умешно да ја прикрие вистинската економска состојба во која се наоѓа земјава употребувајќи внимателно избрани зборови.

Доколку на местото на на политичка популистичка економија, слушневме изјава за состојбите од реален економист и експерт, дотолку ќе ни беше јасно дека Македонија се повеќе и повеќе тоне. Оттаму, проширувањето на дефицитот кое бенигно го најави, доколку реално се протолкува – значи дека таквата состојба на националната економија троши повеќе отколку што создава и доколку таа состојба егзистира подолг временски период може да има значајни консеквенци. Искуството, пак на поголем број земји во развој покажа дека во најголем број на валутни кризи и кризи во билансот на плаќање, потекнале токму од егзистирањето на неодржлив дефицит во тековната сметка.

ЛДП го прашува првиот чувар на економијата дали зголемувањето на дефицитот од 2,7 на 4 отсто од БДП е умерено проширување, како што вели самиот или е само затскривање и неословување на работите со вистинското име?

ЛДП го прашува Богов какви странски инвестиции очекува и што поима под поимот инвестиции во инфраструктирата? Ако, на сето ова му се пандан инвеститори од типот Субрата Рој и инфраструктурни проекти од типот Скопје 2014, тогаш јасно е дека задолжувањето ќе продолжи без никакви реални и продуктивни бенефиции за економија во земјава“, пишува во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу