Еврозоната највероватно го помина најлошиот дел од еконоската криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
– Најверојатно ја поминавме најниската точка и тоа го велам со извесен страв, бидејќи би можело да дојде до сериозен втор бран, посочи Лагард.
ЕЦБ денеска го објави извештајот според кои кредитирањето на компаниите од еврозоната продолжи да расте во мај, бидејќи фирмите повеќе се потпираа на кредите за ликвидност, надминувајќи ги проблемите предизвикани од пандемијата.
Во мај е забележан пораст на кредитирање на нефинансиските корпорации за 7,3 отсто во однос на растот во април, што изнесуваше 6,6 проценти, што е највисока стапка од почетокот на 2009 година.
Во извештајот се посочува дека забележан е раст од три отсто на кредитирањето на домаќинствата.
ЕЦБ само минатата недела позајмила 1,3 билиони евра на банките по каматна стапка од минус еден отсто, под услов банките тие средства да ги пласираат во реалната економија.