Лагард: Договорот за грчкиот долг треба да се базира на реалноста

Од:

Договорот меѓу кредиторите на Грција за намалување на долгот на земјата треба да се базира на реалноста, а не на желбите, изјави пред средбата со европските лидери шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард.

Според Лагард важно е едно такво решение да обезбеди трајно решение за грчкиот долг, со цел да се избегне продолжување на рецесијата и нови штети на економијата на земјата, јави БТА.

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ја скуси посетата на Азија за да може да присуствува на средбата на Еврогрупата во вторник во Брисел.

– Јас секогаш се трудам да бидам конструктивна, но сум движена од цели, изјави таа. Првата цел е за Грција да биде формирана и одобрена програма која е стабилна, која е убедлива денеска и ќе биде одржлива утре, која се базира на реалнсота, а не на желбите. Втората цел е да се зачува интегритетот, доверливоста и квалитетот на советите кои ги даваме, дополни Лагард.

ММФ и владите од еврозоната спорат околу тоа како да се намали големиот долг на Грција, што го забавува доделувањето на следната транша од 31 милијарда евра помош за Атина.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос