Куповната моќ на Грците намалена за половина

Од:

Куповната моќ на Грците е намалена за половина покажува најновото истражување на Конфедерацијата на професионалци, занаетчии и трговци во Грција (ГСЕВЕЕ), oбјави електронското издание на грчкиот весник „Та неа“.

Според резултатите од истражувањето околу осум од десет Грци го ограничиле купувањето на основни прехранбени продукти. Половина од анкетираните признаваат дека би купиле стока без фискална сметка, ако имаат корист од тоа.

Претседателот на ГСЕВЕЕ Димитрис Асимакопулос истакна дека 93 проценти од учесниците во истражувањето изјавиле дека приходите во последните три години им се намалени. Речиси 94 проценти од анкетираните изјавиле дека прекинале да одвојуваат трошоци за ресторани.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески