Куба ги замрзна цените на некои намирници поради инфлацијата

Од:

Кубанските власти воведоа ограничувања на цените на овошјето и зеленчукот во обидите да ги ублажат критиките на јавноста поради растот на цените на храната.

Владата во Хавана соопшти дека земјоделските производи, кои се продаваат на пазарите, што се под контрола на државата имаат ограничена цена, достапна за просечниот поединец, кој заработува државна плата од околу 25 долари месечно.

– Цените на доматот, бананите, слаткиот компир и 20 други производи ќе бидат ограничени со цел да се избориме со инфлацијата, се наведува во соопштението на кубанската Влада и се додава дека скокот на цените на храната е последица на ниското домашно земјоделско производство.

На пример доматот ќе чини осум центи за половина килограм во сезона, додека истата количина ќе се продава по 17 центи вон сезоната, што е неколку пати помалку во однос на актуелната цена на повеќето светски пазари.

Куба мора да увезува 80 отсто од храната, бидејќи домашниот земјоделски сектор е премногу мал за да ја задоволи побарувачката.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД