Трамп го продолжи трговското ембарго кон Куба за една година

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за една година – до 14 септември 2020 година, да го продолжи трговското ембарго против Куба, се наведува во соопштението лиферувано синоќа од прес службата на Белата куќа и цитирано од светските агенции.

Аргументацијата за ваквата одлука е дека продолжувањето на овие рестрикции, наметнати врз Хавана, одговараат на американските национални интереси.

Со истата одлука Трамп ги продолжи и своите надлежности кои му даваат слобода на дејствува со оглед на задржувањето на ембаргото и одобрувањето на одделни договори. Во овој случај претседателот се повикува на закон, што стапил во сила уште во 1917 година. Тој му дозволува ограничување на трговијата со одредени земји што се непријателски настроени кон САД. Во моментов Куба е единствената земја врз која се спроведува овој закон.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски