КСОМ со остри реакции за најавите за покачување на платите на функционерите, Бесими вели во Буџетот нема пари за тоа

Од:

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) со остри реакции за вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски за наводното покачување на платите на функционерите заедно со предвиденото покачување на минималната плата во март.

Главниот координатор на КСОМ, Гоце Делчев Тодев, на денешната прес-конференција за покачувањето на платите на функционерите, која како што вели, е една плата на административен работник, односно околу 400 евра, рече дека е срамно, дрско и безобразно. Но, во меѓувреме, министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска на прес-конференција кажа дека нема пари во буџетот за покачување на платите на функционерите во 2024 година.

-Тоа што вчера го слушнавме и го дознавме, а веќе тоа го лиферуваат и политичарите, почнувајќи од премиерот па натака, е срамно, дрско и безобразно за една држава која има долг од неколку милијарди евра и уште се задолжува, а тие да имаат покачување од 400 евра, изјави Тодевски.

Како реакција на ова, за поголема иронизација на ситуацијата, тој рече дека ќе се отвори фонд за донации каде што членовите од синдикатите ќе донираат за да има повисок додаток во платите на функционерите во случај, како што рече, ако и ова покачување не им е доволно и додаде дека не е исклучена ниту можноста за протести.

Министерот за финансии од друга страна, денеска на прес-конференција изјави дека нема пари за покачување на платите на функционерите оваа година.

-Тоа значи дека тоа е одраз на политиката што ја најави Владата дека ќе има интервенции во законот тоа да не се случи во 2024 година. Нема пари за дополнителното зголемување според законот каде што секоја година им следи зголемување согласно усогласувањето со просечната плата. Нема пари во Буџетот планирани за дополнително зголемување на платите на функционери и именувани лица, рече Бесими.

Претседателот на независниот синдикат на здравствени работноци, Боби Бојчевски, во однос на истото рече дека медицинска сестра која се грижи за нивното здравје, здравјето на нивните семејства и деца, има месечни примања од околу 24-25 илјади денари, додека благајникот, сметководителот, администравниот работник, кои работат во Клинички центар или во Здравствен дом има и помала плата од тоа.

-Малку да се свртиме да го погледнеме овие структури во здравството, да им се помогне на овие луѓе и под итно ги бараме покачувањата од 30 проценти и линеарно зголемување во здравството, како ќе се покачи минималната плата, така линеарно да се покачи платата на здравствените работници, административно-техничкиот персонал, како и на техничкиот персонал во секторот на здравството во цела територија на Република Македонија, рече тој.

Потенцираше дека живеачката со платите што ги имаат вработените од здравствениот сектор е невозможна со оглед на тоа дека потрошувачката кошничка изнесува, како што нагласи, 56 илјади денари и најави можни протести во март со блокирање на улиците.

Од друга страна пак, прашан за коментар околу проблемите за вадење на лични документи, Тодев одговори дека еден вработен кој слика и ги издава личните документи има месечна плата од 22 илјади денари, додавајќи дека по реакциите на граѓаните за долгите чекања отворен е нов пункт во Кисела Вода каде што посочи дека исто се чека многу, рече дека има 10 или 11 кабини, но само три или четири работници што сликаат, а ниту еден вработен во полицијата не сака да си го напушти своето актуелно работно место и да ги дополни овие места за таа плата. Тој оваа опција ја оцени како „невозможна мисија”.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто