Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Од:

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) побара зголемување на платите на полицајците за најмалку 15 % затоа што основната плата на полицаецот е е 16.300 денари.

„ Како Синдикат претходно јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да дознаат нивните членови колку е основната плата на полицаец во МВР. Но, одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментот е ни помалку ни повеќе, туку 16.332 денара. Паралелно на тоа, ‘единствениот’, како што знае да се претставува само пред министерот, за да купи време и да ја скрие својата неспособност, од неодамна излезе со манипулативно барање пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за наводни 20 % зголемување на платата.

Јавноста и вработените треба да знаат дека правото на покачување на платите во МВР единствено и во согласност со законот го има министерот за внатрешни работи. Со самото тоа очигледен беше обидот на МПС со нивниот претседател за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи очигледно не е во полза за нив.

Денес, како Синдикат, до министерот јавно испраќаме барање од јануари 2024 година платите на сите вработени во МВР да бидат зголемени за 15 %“, вели претседателот на Синдикатот Орце Коцевски.

Тој рече дека Синдикатот не се откажува од нивното првично барање еден бод да биде платен по едно евро.

„СПМ во ниту еден момент не се откажа од барањето за едно евро еден бод, па нема ни сега. Но, мораме да се движиме со постојните можности и ќе продолжиме да го бараме тоа и да се надеваме дека во блиска иднина некој министер реално ќе може да го согледа тоа и ќе го претвори нашето барање за едно евро еден бод во реалност, која полицаецот апсолутно ја заслужува. Да направиме од професијата полицаец една професија што ќе биде вреднувана во општеството, а особено во нашата држава. Зар не се тоа ваши зборови, господине Спасовски? “, додаде Коцевски.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

ВИДЕО: Поднесена кривична пријава против командир на полициска станица Крушево

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто