Костовски за Еуростандард банка: За кило месо, убија вол

Од:

Мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, Трифун Костовски, го обвинува Управниот одбор за пропаста на банката.

Тој на денешната прес конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од Македонија.

„Ќе одиме пред се во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.

Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, не наместија“, рече Костовски.

Тој изрази недоверба кон актуелното раководство на Народната банка и најави дека доколку стечајот биде прифатен и стапи на сила, ќе ја тужи Република Македонија и НБРМ за нанесена штета на акционерите и коминтентите.

„Ова е сценарио кое што е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во НБРМ на време биле известени да си ги повлечат парите, бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“, рече Костовски.

Тој тврди дека постоел странски купувач заинтересиран за банката, кој дури потрошил околу 100 илјади евра за да направи длабинско снимање на банката за нејзино преземање.

„Нажалост Народна банка не одвои ниту пет минути да му пружи шанса на тој инвеститор да допатува во земјава и да разговара. Бидејќи и да вложи пари, ако не ја добие лиценцата тоа се и за тој човек изгубени пари, односно тој правен субјект “, рече Костовски.

Тој изјави дека како семејство и како акционери нема да бегаат од одговорноста и ќе платат за се што Законот предвидува, но сепак не можат да се ослободат од чувството дека заедно со нив повлекле цела армија на правни и физички лица.

„Знам дека со стечајна постапка многу физички и правни лица ќе бидат погодени, ако ви кажам кои ќе бидат последиците во поглед на тоа што се требаше да се направи во докапитализација на банката, тоа е да споредите слон и мравка“, рече тој.

Костовски ситуацијата ја нарече холокауст во банкарскиот систем направен од НБРМ кон Еуростандард банка.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

Орце Костов

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска