Косовски медиуми: Приштина ја крева рампата за македонските производи

Од:

Косово до утре изутрина ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес.

Во Скопје денеска е косовскиот вицепремиерот Хајредин Кучи на средби со македонски владини претставници со цел да се надминат несогласувањата.

Претходно, македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини изјави дека очекува проблемот со Косово да биде решен денеска.

– Изнаоѓањето решение е врвен приоритет на владите на двете земји и треба да се случи. По средбите што ги имавме во Приштина со министерот за трговија и финансии, сметам дека работите се движат во вистинска насока. Дијалогот е почнат, создадени се услови за отпочнување на процес кој треба да придонесе до заемно прифатливо решение за двете страни. Денешната средба на високо владино ниво треба да резултира со конечно решавање на проблемот, изјави Сарачини.

Косово изминатиот викенд воведе забрана за увоз на македонски производи, на што македонските власти одговорија со наплаќање такси за влез на косовските граѓани и возила.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски