Коритото на Сува река ќе се регулира со грант од ИПА

Од:

Потпишан е договорот за реализација на проектот за регулација на дел од коритото на Сува река за кој преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, општина Гевгелија доби грант од 516.500 евра.

Со овој проект всушност продолжуваат активностите за заштита на реката Вардар и на целиот прекуграничен регион од загадување, во кој партнери на општина Гевгелија од грчка страна се универзитетот Аристотел од Солун и водостопанските претпријатија од општините Пеонија и Халкидона.

Проектот предвидува регулација на дел од коритото на Сува река во јужниот дел од урбанизираната градска зона во должина од 600 метри, како најкритичен дел од коритото каде при пообилни врнежи се излеваше реката и предизвикуваше штети на блиските станбени објекти. Реализацијата предвидува формирање на минор корито за регулација и на седум каскадни прагови и заштитни насипи со кои дното и бреговите на реката ќе бидат соодветно обликувани.

– За општина Гевгелија ова е капитален зафат кој поради неговата висока вредност мора да го реализираме во фази од кои првата е регулација на најкритичниот дел од реката. Истовремено како наш партнер јавното комунално претпријатие ќе набави опрема за мерење на квалитетот на водата. Сметаме дека со реализацијата на проектот ќе ја унапредиме прекуграничната соработка со нашите партнери во општините Пеонија и Халкидона во Грција и дека ќе создадеме нови предуслови прекуграничниот регион да стане еко регион,рече гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он