Компанија отворате за 10 куни, за затворање најдете 10.000

Од:

Подарувам д.о.о. регистриран во Сплит. Нема трошоци, вработени, долгови… Моментално во фаза на мирување, затворена сметка во банка, нема наплата на ХГК, документацијата е уредна…

– Ви подаруваме д.о.о. основан и пријавен во Загреб во март 2014 година, регистриран за угостителство и услуги, со уште 13 регистрирани допопнителни дејности. Не бараме ников надомест…

– Фирма која не е блокирана, нема долгови, ја подарувам со жиро сметка. Единствен трошок е пренос на сопственоста кај јавен нотар. Дејност: угостителство, туризам, превоз, увоз извоз, трговија…

Такви огласи во последните денови ќе видите се повеќе; со понуда во подарување на разни каталози, јадења, пилевина, стар мебел или шталско ѓубре, ќе се укажат и такви во кои веројатно некогаш очиклени и оптимистични претприемачи ги подаруваат своите, во денешно кризно време, непросперитетни фирми. Некои од нив регистрирани и на повеќе од 60 дејности, од кои, ете, повеќе ниту од една сопственикот нема профит.

Старт за 24 часа

Да се отвори фирма денес е едноставно, брзо, но и поприлично евтино. Со неколку клика со глувчето станувате сопственик на фирма во рок од 24 часа, додека во процесот на затворање работата оди многу бавно и често ќе се променат сите четири годишни времиња додека на крај да ја затворите.

А и финансиски гасењето на фирмата ќе го почувствувате на своја кожа повеќе од на пример отворањето.

Во изминатите две години сите луѓе со претприемачки дух отвориле едноставно друшто со ограничена одговорност, за само 10 куни почетен капитал (плус 800 куни за административни трошоци). Едноставно друштвото ги има сите карактеристики како и д.о.о. со исклучок на симболично темелниот капитал, за кој не можете да се напиете ни кафе на Рива.

Човек се надева, па ајде да одам да отворам фирма за 10 куни, па што биде нека биде, немам што да изгубам. А потоа, ако не оди како што е според планот, се заплеткува во административната мрежа и сфаќа дека и тоа како има што да изгуби: и пари и нерви. Потоа, повеќето од нив во манир на грижо моја прејди на друг, се обидува да најде некој на кој без липи и куни ќе му ја препушти својата несреќна компанија…

Но, никој не ги сака.

Крај, како да не

– Денес фирма не можете ни да продадете, ни да подарите. Кој ќе се впушта во бизнис кога се пропаѓа и луѓето масовно остануваат без работа – ни вели поранешна успешна приватничка, која како стотици слични на неа, неуспешно се обидува да ја подари својата фирма бесплатно. Но, не оди…

– Причината е едноставна. Затворањето на фирма е процес кој трае и кој скапо чини и тоа неколку илјади куни. Во таа административна авантура треба да платите судски трошоци во износ од околу 500 куни, па објави во Народен весник речиси 2000 куни, а тука се и трошоците за книговодителите, јавниот нотар…, така гаснењето на фирмата ќе ве чини и до 10.000 куни. Всушност треба да се подигне наменски кредит да затворите фирма. Луѓе се јавуваат, но обично се распрашуваат, чисто така, тука нема некои сериозни кандидати, не е ова време за покренување на работа… – вели нашата соговорничка, поранешна директорка на која продавницата и пропаднала заедно со уште многу други продавници во Сплит, едноставно ја изеле трошоците.

Не е од помош ни мирување, бидејќи цело време ви стигнуваат разни трошоци како да работите, освен трошоците за платите. 

Слободна Далмација – Сплит

 

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик