Комисијата за хартии од вредност ја врати на доработка понудата на „Балкан Петролеум“ за Макпетрол

Од:

Комисијата за хартии од вредност денес донесе одлука да побара од компанијата „Балкан петролеум“, понудувачот за купување на Макпетрол, да достави дополнителна документација, пред КХВ да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија.

Тоа сега значи дека во наредниот период, понудувачот мора да ја обезбеди потребната документација, за која во комисијата не сакаат да зборуваат и да откријат што му недостасува на Балкан петролеум, и дури потоа одново службите на КХВ да се изјаснат дали досието е комплетирано. Ако се потврди дека понудувачот ја има комплетната документација тогаш започнуваат да течат 10-те дена во кои комисијата ќе мора да одлучи дали ќе дозволи преземање на компанијата.

Во македонската јавност изминатиов месец се појавија сериозни индиции за сомнителното потекло на бизнисмените поврзани со офшор компанијата, во чии биографии се наведени низа скандали и обвинувања за корупција и перење пари. Одлуката на КХВ, според експертите, е своевиден доказ за сомнителниот капитал на овие офшор-бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Уплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври