Комецијална банка доби согласност за акции во Публикум Инвест

Од:

Комерцијална банка доби согласност да стекне акции во Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест, чиј вкупен кумулативен износ надминува 50 проценти.

Согласноста е одобрена на последната седница на Комисијата за хартии од вредност. Законскиот рок од 90 дена во кои Комерцијална банка ќе треба да се стекне со акциите ќе почне да тече од денот на добивање на решението.

На последната седница, Комисијата за хартии од вредност даде согласност и Василка Николовска да биде именувана за раководител на Одделот за работа со хартии од вредност во ТТК Банка со мандат од шест години. Николовска и досега беше на оваа позиција.

КХВ ги одобри и правилата за формирање и начинот на користење на Гарантниот фонд на Централниот депозитар за хартии од вредност. Со нив, се овозможува средствата на Гарантниот фонд да се активираат на денот на предвиденото порамнување преку воведување на втор циклус на порамнување кој би се одвивал само во случај на неисполнување на услови за порамнување на паричната страна во утврдениот термин, при што последниот рок за уплата би бил истиот ден.

– На ваков начин, сите активности кои ЦДХВ ги спроведува се концетрирани во еден ден, со што се зголемува сигурноста на инвеститорите и се намалува ризикот од непорамнување, согласно роковите утврдени при склучувањето на трансакцијата. Истовремено, се избегнува и привремено исклучување на членките од членство во Депозитарот и тоа во случај на непорамнета трансакција од технички причини од страна на деловните банки, со што се креира лош репутациски имиџ и за членките на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и за пазарот на хартии од вредност во Република Македонија, се наведува во соопштението од КХВ.

Би можело да ве интересира

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

A1on