Колку вредат 20 евра во еврозоната?

Од:

Еврото е валута која обединува 17 земји во еврозоната. Сепак, можете да се изненадите од огромната разлика во неговата вредност и што всушност за можете да купите за истата сума во различна земја.
На пример, ако сте „луди“ по кафето, можеби подобро ќе биде да одите на одмор во Португалија, отколку во Грција.

За да ја покажеме разликата, еве што можете да купите за 20 евра.

1. Кафе

Во Грција за 20 евра ќе добиете 7 кафиња, а во Португалија за истиот износ ќе можете да испете 35. Оној кој пие по едно кафе на ден, во Португалија ќе може цел месец да си помине со овие пари за кафе.

2. Јајца

Во Ирска за 20 евра ќе добиете 7 пакувања јајца, додека во Малта 16. Знаејќи дека јајцата се чест „госитин“ во исхраната подобро е да си купите од Малта.

3. Хулахопки

Дел од женската гардероба која брзо се троши. Во Белгија се прилично скапи, така што за 20 евра ќе добиете само 4, додека во Словачка ситуацијата е поинаква и за истите пари ќе земете 19 пара хулахопки.

4. Автобуски билети

Кога сте во друга земја секогаш е потребно да го користите и локалниот автобуски превоз. Во рамките на еврозоната разликите во цената на автобуските карти се разликуваат многу. Во Холандија, за 20 евра ќе купите 8 автобуски билети, додека во Словачка дури 43.

5. Пиво од продавница

И во оваа „категорија“ повторно на прво место е Словачка. За 20 евра овде ќе купите 20 литри пиво, а во Италија на пример, само 6.

6. „Камембер“ сирење

Мекото и кремасто сирење со специфичен вкус и познат француски специјалитет. За 20 евра во Словенија може да се добие 1,6 килограми од овој деликатес, а во Белгија можете да купите речиси двојно повеќе – дури 3 килограми.

7. Билети за кино

Ако сакате да појдете во кино, најдобро да отидете во Словачка. Таму за 20 евра ќе можете да изгледате 7 или 8 филма, додека во Ирска, само 2.

8. Цигари

Ова е еден од пресудните фактори за пушачите. Добро е да знаете каде цигарите се најскапи во еврозоната, а каде евтини. Во тој поглед избегнете ја Ирска бидејќи 20 евра ќе добиете само 2-3 кутии цигари, додека во Естонија за истата сума ќе добиете 10 кутии цигари.

9. Дневен весник

Во Кипар за 20 евра ќе купите само 11 дневни весници. Во Малта е многу поинаку. Таму можете да добиете дури 30 весници дневни весници за истата сума. Чисто за споредба, во Велика Британија, што не е во еврозоната, за 20 евра можат да се купат 27 примероци од дневните весници.

10. Такси

Во Холандија со 20 евра ќе поминете само 7,2 километри со такси, но во Португалија за истиот износ 23 километри. Дури трипати поевтино.

11. Маслиново масло

За жителите во еврозоната маслиновото масло е речиси неопходност во исхраната, особено во салатите. Во Словенија за 20 евра ќе купите 2 литра, во Шпанија – 7 литри.

12. Пиво во гостилница

За љубителите на пивото, доколку не сакаат да си ужуваат дома, во Португалија ќе си поминат како на празник – за 20 евра дури 24 чаши со пиво (0,35 л.). Во Словачка, пак во спротивност од се, само 6 чаши (о,35 л.).

13. Црвено вино

За оние со префинет вкус ужувањето во црвеното вино во еврозноната најефтино ќе ги чини во Португалија. Дури 20 шишиња од овој пијалок ќе купат за 20 евра. Но, во Италија за истата сума само 5 шишиња.

14. Црн чај

За оние кои сакаат да пијат чај повеќе од било што друго, сигурно многу важен податок ќе им биде износот од 704 кесички на чај кој ќе ги добијат за 20 евра во Малта. Во Австија за истиот износ ќе добијат 242 кесички чај.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија