Клиника „Жан Митрев“ 24 години – еден милиони прегледи и 400.000 успешни приказни

Од:

Високи стандарди во медицината, сертификат од Joint Commission International, првата операција на отворено срце во Македонија се само дел од достигнувањата на Клиника „Жан Митрев“ изминатите 24 години постоење.

Историјатот на Клиниката започнува да се испишува од 1 март 2000 година кога почна официјално да работи со правење на првата бај-пас операција во Македонија, предводена од д-р Жан Митрев. Со оваа операција се поставија темелите на современите медицински услуги во Македонија и започнува континуираното подигнување на стандардите на здравствена услуга и нега.

„Мене ми се гледа како да беше вчера кога започнавме со работа, а во суштина кога ќе се навратам сме поминале многу овие 24 години. На шега велам дека ќе почнам да пишувам мемоари како сме почнале и до каде сме стигнале, но навистина од една просторија сега пред нас имаме клиника со највисоки стандарди во регионот. Да се опстои и да се расте и развива клиника беше вистински предизвик бидејќи имавме и се уште имаме пат исполнет со многу препреки, опструкции. И покрај се одиме напред и кај нас се знае дека пациентот добива врвна медицинска услуга. Нашиот успех се мери со успешните приказни на нашите пациенти, со бројот на оперативни зафати, примена на современи методи и поставување на највисоки стандарди во здравствената нега признати на светско ниво од најреномирани здравствени инстанци“, изјави д-р Жан Митрев осврнувајќи се на 24 години од постоењето на Клиниката.

Денес, Клиника Жан Митрев претставува регионален современ медицински центар со комплетни дијагностички процедури во повеќе медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега. Гo поседува сертификатот Златен печат за здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите доделен од Joint Commission International споредувајќи ја македонската Клиника Жан Митрев со Мајо Клиника. Сертификатот се доби по третпат во континуитет од седум години.

Досегашното работење на Клиника Жан Митрев е обележано со над 40 000 операции, вклучувајќи ги револуционерните методи во современата медицина како првата операција на отворено срце врз буден пациент направена во 2002 година, TAVI– Transcatheter Aortic Valve Implantation револуционерен метод за замена на срцев залисток/ валвула и TEVAR, сложен хибриден зафат на торако-абдоминалната аортна аневризма како и третмани на вродени срцеви заболувања. Направени се повеќе од 1 милион прегледи и над 400 000 пациенти се лекувале во клиниката.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Кривичен не му го врати пасошот на Жан Митрев за да оди на конгрес во Фрнакфурт

Катерина Ѓуровски

Холанѓани ја купуваат клиниката, Жан Митрев останува менаџер

Орце Костов

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Ана Ололовска

Судењето против Жан Митрев закажано за 28 февруари

Орце Костов

„Жан Митрев“ ќе ги намали цените за лекување од Ковид – 19, за „Систина“ намалување нема економска логика

Маја Илиевска-Пачемска

„Жан Митрев“: Министерството за здравство и ИЈЗ ја искривуваат реалната слика за починатите пациенти од Ковид-19

А1он