Ќе се гради „Нестле“ универзум

Од:

Компанијата „Нестле“, во чест на 150 години постоење, ќе гради комплекс кој ќе содржи три историски објекти – првобитната фабрика, вилата во која некогаш бил сместена бизнис канцеларијата, како и металната конструкција на некогашниот Булонжери.

Импозантниот комплекс ќе се наоѓа во улицата Боске во швајцарскиот град Веве, каде основачот на компанијата Анри Нестле во 1866 година започна производство на слатки и кондиторски производи.

Оваа корпорација за производство на различни видови прехранбени производи, според швајцарскиот печат, планира до 2016 година, кога ќе прослави 150 години од постоењето, ќе ги обнови старите зданија и во нивното опкружување да подигне центар со интересни содржини.

Главна атракција на комплексот ќе биде Космос, во чиј состав ќе се наоѓаат седум тематизирани павилјони кои посетителите низ подземни ходници ќе ги води во откривање на „Нестле универзумот“.

Во комплексот ќе биде вклучен простор за анимација на деца, изложбен простор, ресторан, кино, сала за конференција и бутик. На два ката на обновената фабрика ќе биде сместена архива на компанијата, за која денеска работат 283.000 луѓе ширум светот.

МИА

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски