КХВ трајно и ја одзема дозволата за работа на „Мој брокер“

Од:

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Мој брокер“ АД Скопје, по нејзино барање.

Одземањето на дозволата за работа, соопшти КХВ, е поради донесена Одлука на Собранието на акционери на „Мој брокер” со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност.

Со трајното одземање на дозволата се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата согласно Законот за хартии од вредност ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност веднаш по приемот на решението, трајно да ја исклучат од членство „Мој брокер”.

КХВ на последната седница донесе Решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново Статус” АД Скопје во рок од 30 дена да почне постапка преку која ќе се овозможи друштвото да прибави средства со цел во иднина самостојно и од сопствени средства да ги намирува достасаните обврски. „Иново Статус” има акумулирано значајни вкупни загуби од работењето и не остварува доволни приходи од своето оперативно работење за покривање на расходите. Со отстранување на утврдената неправилност, би се подобрила финансиската состојба на друштвото, смета Комисијата за хартии од вредност.

Би можело да ве интересира

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон