Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

Од:

Од почетокот на 2024 заклучно со денес, 7 јануари, светските берзи забележале значителен пад, откако пак претходно имало извесен раст.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела загуби 0,6 отсто, на 37.466 поени, додека S&P 500 падна за 1,5 отсто, на 4.697 поени, а индексот Nasdaq падна за 3,3 отсто, на 14.524 поени. Првиот пад на овие индекси по девет недели раст е последица на еуфоријата за намалување на каматните стапки.

Имено, по наглиот раст кој се случи во последните месеци од 2023 година, инвеститорите се понадеваа дека ќе има големи намалувања на каматните стапки. Сепак, нема инидикации дека тоа би можело да се случи наскоро, иако се веруваше дека каматните стапки ќе бидат намалени веќе во март оваа година.

Меѓу најголемите губитници минатата недела беа акциите на технолошките гиганти, како што се Apple, Nvidia, Alphabet и Amazon.com, кои водеа минатата година во однос на растот на цените, а слични падови се забележуваат и на европските берзи.

Би можело да ве интересира

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

Орце Костов

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Светските берзи „паднаа“ за околу 20 отсто во 2022 година, најмногу од 2008 година

Горан Наумовски

Пад на светските берзи, се чекаат одлуките на централните банки за каматните стапки

Силен раст на светските берзи

Горан Наумовски

Доларот слабее трета седмица по ред