Европската централна банка нема да ги покачи каматните стапки, уверува Беноа Кере, постојан член на Извршниот одбор на Европската централна банка.
На денешната прес-конференција во Скопје, Кере рече дека нема место за паника од нова финансиска криза по падот на берзите изминатиот период.
Тој посочи дека Европската централна банка ги одредува каматните стапки соодветно со условите во регионот посебно во еврозоната.
– Тие се различни од оние во САД и сакаме да се осигураме дека имаме соодветни финансиски услови во еврозоната кои се соодветни на економската ситуација. Имаме јасни политики во однос на деловниот циклус што се случува во еврозоната, за разлика од Америка и нема да ги покачиме каматните стапки пред следниот циклус, што значи дека тие ќе останат на истото ниво, нагласи Кере одговарајќи на новинарско прашање.