„Катимерини“: Самарас брка финансии на самитот на ЕУ

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас, кој учествува на самитот на Европскиот совет посветен на Буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020, синоќа во Брисел изјави дека бара пристоен удел во Европските субвенции за задолжената Грција, истакнувајќи дека земјата има постигнато напредок во спроведувањето на реформите.

– Во Грција во тек се фискалната консолидација и структурните реформи. Главната цел сега е заздравување и раст. Структурните фондови се клучна гаранција за успех на Грција и Европа, изјави Самарас пред почетокот на состанокот.

Според „Катимерини“, пораката на премиерот можеби е отпимистичка, но вистинските очекувања, врз основа на начинот на кој се пресметуваат субвенициите од ЕУ, се дека Грција ќе добие значително помалку средства од минатата година, односно околу 14 милијарди евра, за разлика од 20,4 милијарди во 2012 година.

Многумина стравуваат дека ова намалување ќе значи вистинска политичка закана за коалициската Влада и ќе ја загрози програмата за економско прилагодување, но се чини дека постојат неколку шанси за Грција да добие поголема парче од колачот, коментира весникот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески