„Јужниот тек“ ќе ја заобиколи Хрватска

Од:

Потпретседателот на Гаспром Александар Медведев потврди дека гасоводот „Јужен тек“ нема да проаѓа низ Хрватска. Медведев и официјално ја разреши дилемата при потпишувањето на договорот за изградба на договорот со Унгарија.

„Одлуката за изградба на гасоводот низ Унгарија сега е конечна. Постоеше опција еден крак од гасоводот да поминува низ Хратска, но од тој план се откажавме, така што транзитот на плин нема да проаѓа низ таа земја“, рече Медведев.

Ова е официјална потврда на она што беше јасно уште на почетокот на оваа недела, по потпишувањето на договорот помеѓу Гаспром и Србија.

Тогаш беше претставена трасата на гасоводот чија изградба треба да почне уште во декември, а беше јасно дека гасоводот од Србија кај Суботица ќе премине во Унгарија.

Хрвтаскиот претседател Иво Јосиповиќ рече дека му е жал поради тоа што Хрвтаска не ги зајакнала енономските врски со Русија и додаде дека е време официјален Загреб да се праша каде погрешил.

„Во изминативе години повеќе пати имавме погрешна и лоша позиција во однос на руските инвеститори, па тоа е сега сигурно цената што ќе мора да ја платиме“, изјави Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија