Јунајдет Груп го презеде бугарски Виваком

Од:

Јунајтед Груп (United Group, UG) денеска соопшти дека го завршила процесот за купување на компанијата Виваком, бугарски телекомуникациски оператор.

Европската комисија претходно во април ја одобри аквизицијата, додека договорот за преземање беше потпишан во ноември 2019 година, откако „Јунајтед Груп“ победи на тендер за купување на на оваа бугарска телекомуникациска компанија, се вели во соопштението на УГ.

Преземањето на Виваком, како што се додава, е последниот потег во рамките на стратегијата за раст на Јунајтед Груп, по купувањето на ТЕЛЕ2 во Хрватска на почетокот на 2020 година и постигнување договор за купување на грчкиот телекомуникациски оператор Фортнет, кој ќе се реализира наскоро.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори