Една од вкупно 13-те туристичко-развојни зони во државата ќе биде изградба на брегот од Охридското Езеро во селото Калишта, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при денешната посета во Струга.
Според Јанакиески, зоната ќе се гради на земјиште во сопственост на Република Македонија.
– Се предвидува странски инвеститор да инвестира во изградба на хотели и промовирање на Струга како поволна туристичка дестинација. Во почетокот на наредната недела треба да почне јавната анкета. Ќе има 15-тина дена во кои граѓаните ќе можат да дадт забелешки и очекувам дека во текот на овој месец или најдоцна во ноември, планот ќе биде донесен, истакна министерот Јанакиески.
Според него, владин тим во текот на наредниот перод ќе бара странски инвеститори за сите 13 туристичко развојни зони колку што ќе се градат во државава.