Јанакиески: Нема план за продажба на МЖ Транспорт

Од:

Владата моментно не размислува, ниту има план за продажба на Македонски железници Транспорт а.д, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања,  по  пуштањето во употреба на новоизградената препумпна станица во месноста Потстаница во Драчево.

Амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг завчера во интервју за „Бизнис плус“ рече дека неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници –  Транспорт“, но оти нивната реализација е блокирана поради одложувањето на либерализацијата на железничкиот сектор во Македонија до нејзиниот влез во ЕУ.

Македонската Влада  донесе одлука за одложување на либерализацијата во железничкиот сектор во март лани, со која до зачленуивањето на Македонија во ЕУ, не е дозволен влез на нов железнички оператор.   Според оценките што беа изнесени тогаш, влезот на нов оператор би довел само до негативни промени и до отпуштање стотици вработени од а.д. МЖ Транспорт Македонија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска