Истекува рокот за воведување фикални каси со ГПРС уред

Од:

На последниот ден пред истекот на рокот, 3.958 обрзници успешно регистрирале 9.100 фискални апарати со ГПРС уред, информираат од Управата за јавни приходи.

Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС до денеска имаат даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзници кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). За останатите рокот е 31 јануари 2015 година.

– И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат почнато оваа постапка, наведуваат од УЈП.

Законот предвидува времена мерка забрана за вршење дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов