Истекува рокот за поднесување ГДП, УЈП очекуваат вкупно 420.000 пријави

Од:

Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи во текот на 2016 година. За да се излезе во пресрет на граѓаните кои треба да поднесат годишна даночна пријава и да го испочитуваат рокот даночните шалтери на УЈП денеска ќе работат до 20 часот.

Од УЈП очекуваат годинава да бидат поднесени вкупно 420.000 годишни даночни пријави. Заклучно со 13 март 2017 се поднесени 362.523 годишни даночни пријави. Најмногу пријави се доставени во Скопје 144.066, Штип 62.786, Прилеп 49.085, Битола 45.701, Струмица 32.868 и во Тетово 27.345 годишни даночни пријави.

Годишна даночна пријава имаат обврска да поднесат сите физички лица, резиденти во Република Македонија, кои во текот на 2016 година оствариле приходи по разни основи.

УЈП за поднесување на ГДП отвори и дополнителна канцеларија сместена во зградата на ССМ, а ГДП во Скоје може да се поднесе и во општина Чаир и Регионална дирекција – Скопје. Во Регионалната дирекција – Скопје, пак, може да поднесат ГДП и даночни обврзници кои привремено престојуваат во Скопје.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов