Исплатени 1,41 милијарди денари субвенции за тутунарите

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци.

Со ова, како што рече денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, предвреме почна реализацијата на мерката предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок е јуни 2014 година.

– Владата продолжува со силна поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки, посебно тутунарството, истакна Ставрески.

Законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март од што произлегува дека исплатата почна веднаш откако беа извршени законските контроли.

Според Ставрески, денеска се исплатени средствата на кооперантите на комбинатите „Струмица Табак“ – Струмица, „Алајанс Уан“ – Кавадарци, „СОКОТАБ“ – Битола, „ОРБИТА ТАБАК“ – Скопје, „Пашоски Тутунски дилер“ – Скопје.

Во тек се, додаде, контролите во „Тутунски комбинат Прилеп“ каде има 3.111 кооперанти, „Центро Табак“ 389 кооперанти и „Далија Табак“ 255 кооперанти.

До крајот на неделата треба да се исплатат и остатокот од средствата во износ од 188 милиони денари.

Поддршката изнесува 60 денари за килограм произведен и продаден тутун или вкупно за оваа намена се обезбедени 26 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Николовски: Тутунарите утре добиваат анекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Земјоделски инспекторат: Тутунарите да не прифаќаат усни најави, откупувачите да испратат писмени анекси за зголемени откупни цени на тутунот

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан