Интерес кај земјоделците за субвенции за млеко и осигурување на културите

Од:

Од почетокот на овој месец започна пријавувањето на сточарите за субвенции по литар продадени млеко, кое ќе трае до крајот на овој месец, а за литар млеко сточарите ќе добијат по 3,5 денари.

– Барањата се поднесуваат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделското производство во Кочани, а потоа од таму ќе бидат обработени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и вдоостопанство, изјави Влатко Минов, раководител на Подрачната единица во Кочани.

Според него, се очекува 500 сточари да поднесат барање за субвенции по литар продадено млеко. – Се работи за продадено млеко во текот на месеците октомври, ноември и декември, во рамките на проектот Прва фаза за млекопроизводство 2013, истакна Минов.

Истовремено во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани трае и пријавувањето од страна на земјоделците за осигурување на земјоделските култури, за кој интересот годинава е мошне голем, во споредба со предходните неколку години.

Ова, истакнува Минов е од едноставна причина што земјоделците поучени од елементарните непогоди кои го зафатија подрачјето започнаа да ги осигуруваат земјоделските култури.

– Државата субвенционира 60 проценти од парите за осигурување. Земјоделците најпрвин доаѓаат во просторите на Подрачната единица по соодветната потврда па потоа одат во осигурителните компании каде што прават полиса и повторно се враќаат кај нас и поднесуваат барање за субвенционирање, појасни Минов.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар