Иновациите во фокусот на „Технома 2015“

Од:

Повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници ќе се претстават на 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита „Технома 2015“, кој ќе се одржува од 13 до 17 на Скопски саем. Во тек на Технома ќе бидат отворени и 16.Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35.Меѓународна изложба на иновации „Макинова“.

Од Скопски саем најавуваат дека во фокусот на Технома 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.

– Оваа меѓународна саемска манифестација секогаш му е потребна на стопанството, а за тоа говори фактот што целиот расположив простор на Скопски саем секоја година исполнува капацитет со површина од 12.000 метри квадратни. Потврда на меѓународниот карактер на Технома се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија, истакнуваат од Скопски саем.

Технома 2015 ќе се одржи во три хали во кои ќе се преставуваат фирмите, во четвртата хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во четвртата хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот.

Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска