Индустриското производство до август поголемо за 4,3 отсто

Од:

Индустриското производство во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период лани е поголемо за 4,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во август годинава, пак, во споредба со август 2013-та индустриското производство е поголемо за 1,3 проценти.

Индустриското производство во август годинава во однос на истиот месец лани во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 11,8 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2 проценти, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 46,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во август 2014 година, во однос на август претходната година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто, капитални производи за 46,9 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти, додека опаѓање е евидентирано кај енергија за 42,8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 10,1 проценти.

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Горан Наумовски

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто

Ана Ололовска

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он