И Ковачевски и ЕВН согласни: Струја по сегашната цена само до Нова година

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека оваа грејна сезона ќе биде најтешкиот период досега за македонските граѓани и за таа цел ќе се зголеми производството на домашна електрична енергија за 25%, но не спомна дали тие дополнителни количини ќе бидат доволни да се гарантира стопроцентна испорака на струја до ЕВН.

По седницата на Советот на безбедност кај претседателот Пендаровски на која се зборуваше за енергетската криза, премиерот Ковачевски рече дека на Македонија ќе и бидат потребни 300 милиони евра да ја ублажи енергетската криза во следните два квартали, односно од октомври годинава до крајот на следниот април.

„Калкулациите се направени во Министерството за финансии и ќе бидат потребни финансиски средства околу 300 милиони евра во текот на наредните два квартали со цел да обезбедиме електрична енергија по субвенционирани цени за граѓаните и за малите потрошувачи. Разговараме и со Бугарија за да обезбедиме базна енергија која што доминантно ќе биде за компаниите“, рече Ковачевски. Цената на струјата на регулираниот пазар ќе остане иста до крајот на годинава, односно по 48 евра за мегават-час, а потоа можно е таа да поскапи, посочи премиерот.

И од ЕВН Хоме се на сличен став: цената од 48 евра е загарантирана само до Нова година.

„А1он“ го праша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме дали државата, односно АД ЕСМ со своите термо и хидроелектрани му гарантира на ЕВН стопроцентно производство на струја и колку од потребите во грејната сезона може да се задоволат со струјата која ја купува од ЕСМ, како и дали ЕВН ќе докупува струја од слободниот пазар што на крај би значело ново поскапување на киловатите за граѓаните.

„Во последниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците (за периодот Јули-Декември 2022), АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Вакви тендери има на секои шест месеци и тогаш се добива информација колку од планираните количини ќе се покријат“, рекоа од ЕВН.

За тоа дали ЕВН Хоме очекува поскапување на струјата, оттаму одговорија дека за цената одлучува Регулаторната комисија и дека таа зависи од неколку параметри: од цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Реакција на ЕСМ за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он