ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Од:

Како што објави „А1он“ пред три месеци, ЕВН Хоум ќе продолжи да ги снабдува домаќинствата со електрична енергија во следните пет години.

ЕВН Хоум, останува универзален снабдувач на регуларниот пазар на кој се снабдуваат со енергија домаќинствата и малите потрошувачи со струја. Останатите компании ЕСМ Продажба и грчки ЕДС, фирма ќерка на државното електростопанско ТПЦ, кои, исто така, беа пријавени на повикот, излегуваат од трката.

Владата на 11 декември го објави јавниот повик за универзален снабдувач на струја за домаќинствата и малите потошувачи, а на пазарот, освен ЕВН Хоум, интерес пројавија и други компании од овој сектор. Условот беше понудувачите да имаат обезбедено работен капитал во вредност од 40 милиони евра.

Најсериозна конкуренција на овој повик беше од ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има своите претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

Петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува на 30 јуни 2024, а оваа компанија на 1 јули 2019 беше избрана за универзален енергетски снабдувач на струја, со понуда за маржа од 11,5 проценти.

Аналитичарите во енергетскиот сектор се согласни дека со зголемениот интерес за учество на повикот за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, ќе се овозможи здрава конкуренција и намалување на маржата за снабдувачот, а тоа на крај би резултирало со пониски цени на електричната енергија за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он