Холандските тур оператори најавија прекинување на соработката ако не се реши проблемот со дивите превозници

Од:

Холандските тур оператори кои носат туристи од Холандија во Охрид, до охридскиот градоначалник Никола Бакрачески испратиле писмено известување дека од наредното лето ќе ја прекинат соработката ако не се реши проблемот со сивата економија односно со нелегалните станоиздавачи и со дивите превозници во Охрид.

Ова на Седница на Советот на општината го потврди и градоначалникот Бакрачески кој рече дека веќе се превземени одредени активности на терен со цел да се среди состојбата и да не дојде до најнепосакуваното.

„До сега се изречени осум мандатни казни со глоби и имаме резултати од присуството на полицијата, инспекциските служби на терен. Имаме намалување на дивите стано издавачи и превозници низ улиците на градот.

– Се изработени флаери со основните податоци за станоиздавачите и туристи во кои се наведени потребните информации и законските регулативи по однос на правата на туристите и давателите на туристички услуги“, рече Бакрачески.

„Тоа беше една голема рекација од нивна страна во однос на тоа што како ситуација се соочуваме на терен, пред се во однос на нелегалните посредници во организирање на тури и нелегални превозници.

– Имавме големи рекации и од нивните агенции кои се застапници овде но директно и од Холандија. Најсериозно ја сфативме оваа работа и формиравме тимови кои активно работат на терен и се воочени овие неправилности. Затоа беа известени и преставниците на холандските тур опертори.

– Се земаа луѓе од хотелите се ставаа во комбиња и се носеа до одреднеи локации. Тие не поседува или лиценци за вршење на превоз на патници, и за вршење на дејност организрање ескурзии, а, патниците не беа осигурани. Тоа се проблеми кои можат да предизвикаат уште поголеми рекации од тур операторите па да дојде и до прекинување на соработака“, рече Ѓоко Апостолов раководител на сектор за туризам во општина Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов