Хоџа: Останува определбата за оптимизација на администрацијата

Од:

Капиталните инвестиции во Предлог-буџетот за 2022 година се планирани во износ 37.8 милијарди денари кои се околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Хоџа потенцира дека главна карактеристика на Предлог-буџетот за 2022 година е развојната компонента при што обезбедува непречено финансирање на функциите на државата и силна финансиска поддршка за економското заздравување и забрзаниот инклузивен и одржлив економски развој.

– Останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на животот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи. Предвидени се зголемувања на платите кај здравствените работници, инспекторите, судството и обвинителството, професионалните војници, вработените во ИПА структурите, шумската полиција, рече тој.

Портпаролот на Владата Хоџа истакна дека Предлог буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година има четири основни цели: зачувување на здравјето и животот на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и интеграцијата на земјата во евро-атлантските структури.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

Орце Костов

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

Орце Костов