Груевски со предлог-членови за нов менаџерски тим на Тутунски комбинат-Прилеп?

Од:

Нов менаџерски тим ќе управува со Тутунскиот Комбинат-Прилеп. Според биографиите доставени до Македонската берза, во игра се четири нови предлог-членови и тоа: Елена Зарковска – магистер по финансии и финасово право, Христина Келемен – магистер по економски науки, Вера Димитриева -магистер по право и Здравко Здравески со директорско искуство во една од домашните банки.

elena zarkovska

Од доставените биографии може да се забележи дека сите членови, освен Здравески, се на околу 30-годишна возраст со последно работно искуство во кабинетот на Груевски.

hristina kelemen

Предлог-членовите треба да бидат изгласани од акционерското собрание на Тутунскиот комбинат и, доколку бидат избрани, во иднина да работат на намалување на загубите, бидејќи, како што е познато, во првиот квартал на оваа година Тутунскиот комбинат прокнижи загуба од 1,1 милион евра.

vera dimitrieva

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов