Грозданов: Иловица-Штука – проект што може да донесе милијарда евра или уште една арбитража?

Од:

Додека спорот за Казандол е пред завршница, уште еден рударски проект во Македонија е под ризик – Иловица-Штука, потенцијално најголемиот рудник за бакар во Југоисточна Европа, предупредува во својата последна колумна аналитичарот и металушрки инжинер, Виктор Грозданов.

Според податоците, само овој проект носи 350 милиони евра директни странски инвестиции, што би довело до 4% раст на БДП. Освен тоа, ќе се отворат 3.200 нови работни места, ќе се реализира годишен извоз од 200 милиони евра, а во државниот буџет ќе се слеваат 24 милиони евра годишно во даноци и концесиски надоместоци.

Побарувачката за бакар е огромна, бидејќи тој е на листата на ЕУ за критични минерали потребни за енергетската транзиција. Доколку проектот биде блокиран, Македонија може да се соочи со уште еден арбитражен спор кој би ја чинел државата милијарда евра – сума што би имала огромно влијание врз економијата.

Дополнително, рударскиот комплекс ќе реализира извоз од 200 милиони евра годишно, што би значело намалување на трговскиот дефицит за 14% на национално ниво, со што рудникот „Иловица Штука“ би се вброил во топ 3 извозници во државата.“

„Во врска со значењето на трговскиот дефицит, односно поголемиот увоз во однос на извозот. Значението на намалување за 14 % изразено во евра е четиристотини (400) милиони евра. Согласно нашата монетарна политика е одржување на стабилност на денарот во однос на еврото (ова е исклучително значајна за одржување на економска стабилност, бидејќи во спротивно ќе имаме сериозен проблем со висока инфлација), со оглед на проблемот на голем трговски дефицит, за да го одржи тој курс Народната Банка би требало да користи државни резерви. Колкав е трошокот за одржување на тој курс јас лично не го знам, ама единствено тој товар може да се намали со зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит. Досега злобните „Екологисти“ ова го оспоруваа и го спречуваа со многу лаги. Но, дојде време кога научно-образвните институции се будат и се трудат да и објаснат на државата односно на оние кои ги корист политиките и ги носат одлуките дека науката има егзактни пристапи кон зачувување на животната средина и кон унапредување на економијата“, пишува Грозданов.

Дали Македонија ќе ја искористи оваа економска можност или повторно ќе дозволи политички игри да ја чинат милијарда евра? Одговорот ќе го дадат институциите во следните месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски