Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Од:

На берзата во Торонто е објавена информација дека компанијата која е носител на концесииите за рудникот Иловица – Штука веќе преземала конкретни правни дејствија за активирање на правните инструменти за меѓународна арбитража.

„Додека приоритет на компанијата, како што беше случајот, останува да го развие и изгради рудникот во согласност со важечките локални и меѓународни стандарди за животна средина, според правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови, компанијата веќе даде формално известување за спор до Владата, и сега е во состојба да иницира меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни, исто така, може да бидат предмет на директна правна постапка доколку оваа нова одлука последователно се докаже дека е спротивна на законите на Република Северна Македонија или политички мотивирана,“ се вели во информацијата објавена на Берзата во Торонто од компанијата во која најголем инвеститор е групацијата „Трафигура“, компанија која важи за најголем светски трговец со минерални суровини и енергенси.

Дополнително, извршниот претседател на компанијата Тим Морган – Вин изјави: „Компанијата разбира дека оваа одлука е чувствителна за сите засегнати страни, но компанијата ќе ги преземе сите неопходни активности законски и на друг начин за да ги заштити своите легитимни права и нејзината значајна историска инвестиција. Додека Владата може се обиде да добие дополнително време за да се постигне внатрешно усогласување, ваквите произволни политички одлуки, надвор од преовладувачката правна рамка, ќе алармираат до меѓународните институции и инвеститори и ќе фрлат сомнеж за транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија “.

Во соопштението кое очигледно заради финансиската чувствителност на информацијата е обврска на компанијата, меѓудругото се наведува дека е можно освен меѓународна арбитража да се покренат соодветни директни правни постапки и против поединечни лица за постапување спротивно на домашното законодавство.

„Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa„.

Еуромакс Ресоурцес со допис ја известил Берзата во Торонто, Канада дека Владата го повлече спојувањето концесиите за експлоатација Иловица 6 и Иловица 11 оценувајќи дека одлуката нема правна основа.

Последната владина одлука беше донесена откако дел од министрите во Владата побараа дополнително појаснување од министерот за економија, Крешник Бектеши за документацијата поврзана со концесиите за рудникот „Иловица“, а дел од нив и излегоа со јавни изјави дека лично се против отворање на рудникот и присуствуваа на протестот што се одржа во Струмица. Дека овие изјави, но и стенограмите од владините седници на кои се одлучуваше за концесиите за рудниците, може да бидат употребени во правни постапки против државата предупреди и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес конференцијата по одлуката за повлекување на спојувањето на концесиите. Имајќи го ова предвид и најавата на компанијата, можно е и овие министри да бидат повикани на одговорност поради јавни изјави против инвестиција и покрај обемната документација со позитивни мислења од надлежните државни органи и судските одлуки донесени во полза на компанијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“