Грците го креваат гласот против бескрајните мерки во економијата

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Грците се изморени од мерките во економијата. Расположението во земјата останува мрачно и покрај кревките надежи.

Во нормални времиња, во нормална држава, судските процедури за неисплатени кредити под хипотеки нема да бидат главна вест.

Но сегашните времиња не се нормални во Грција и по телевизиите не застануваат да прикажуваат такви случаи.

Во бездушната бела бетонска зграда на судот лидерите на движењето „Јас нема да плаќам“ ги претворија рутинските судски пресуди за конфискување на имоти во фронтална линија на народниот бунт против мерките во економијата.

Оние кои протестираат – гласни и енергични, но без да применат насилство, кога ги видовме се покажа дека се во состојба да го блокираат текот на судските процеси, во кои банките сакаат да добијат владение над станови, кога должниците престанале да ги отплаќаат своите кредити. Тоа може да биде краток, драматичен и ефикасен метод за директни дејствија.

Луѓето против „машината“

По паузата за ручек, кога го посетивме предметниот суд, демонстрантите кои скандираа и храбреа, се наредија докрај по скалите на судот, па дури ја исполнија и ложата за сведоци. Адвокат, кој претставуваше една банка, се најде опкружен и не беше во состојба да ги изложи своите аргументи, затоа што гласот не можеше да му се слушне

Судењето беше одложено и активистите го дочекаа тоа со силни аплаузи и скандирања заради она кое го доживеаја како ретка победа за обичните грци против меѓународната „машина“ за мерките во економијата.

Еден од лидерите на протестното движење, Илиас Пападопулос, изјави: „Над половината грци живеат во сиромаштија под нивото на кое човек може да зачува макар и капка достоинство. Владата нема да ги заштити, затоа ние тоа ќе го сториме“.

Нормално, победата не е конечна – тешко е човек да поверува дека банката ќе се откаже од своите пари, и е логично да се претпостави дека нејзиниот адвокат брзо ќе се врати во судот.

Но, овој случај е соодветен пример за настроеноста во јавноста во една земја, прекршена од годините на мерки во економијата.

Дури и европскиот комесар за финансии, Пиер Московиси, зборува за неопходноста од давање на грчкиот народ некаква светлина на крајот на тунелот со мерките во економијата. Тој уште кажа и дека кај него има надеж по ова прашање.

Но тешко е да се најде уште некој кој го споделува неговиот оптимизам.

Минатата недела во Атина сретнав двојка која планира да емигрира во потрага по работа, веднаш откако ќе склучат брак идниот месец; менаџер на една телевизија каде вработените со месеци не добиле плата, и млад маж со магистерски степен на образование, кој работи како шофер, и кој ни рече дека не гледа „апсолутно никаква надеж“ за иднината.

Така што расположението во моментов тешко дека би можело да биде помрачно, кога грчката влада се подготвува за следниот дел од, како што изгледа, бескрајниот танц со главните меѓународни кредитори на земјата – Еврогрупата и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Грција се надева дека претходниот модел при кој таа се согласни со болните економски реформи во замена за периодично ослободување на спасувачки транши, сега може да биде скратен.

Севкупно, грчката позиција останува заканувачки лоша.

Односот на државниот долг кон бруто внатрешниот производ – долговите наспроти приходите – е на ниво од кое на грците им се плаќе – 180 проценти. Тие на долг рок се надеваат дека во некое време барем дел од тие задолженија ќе бидат отпишани. Но на краток рок, тоа е исклучително малку веројатно. Лидерите од еврозоната годинава се исправени пред избори во Холандија, Франција и Германија, и сега не е соодветниот момент да им кажат на своите избирачи дека нема да им се вратат парите од Грција.

И ММФ, кој не ја прифаќа идејата за отпишувањето на долговите, е подготвен да го прифати тоа единствено во контекст на понатамошни структурни реформи, кој би го ставило на жесток тест трпението на грчките гласачи.

– Самата идеја за реформи во Грција стана толку токсична, рече Никос Малкуцис, уредник на влијателната веб страна за економски вести МакроПолис. „Затоа што кога, од друга страна, се вели дека треба да го направите тоа за да поставите вашата економија на поздрава основа“. Обичниот грк го слуша тоа како „Повторно ќе ми брцнете во џепот“.

Предупредување за елитата?

Грчката влада всушност чека погоден момент во еден свет каде должничката криза е засенета, барем засега, од драмите за Брегзит и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Таа има намера да бара поинаква рамка на преговори со кредиторите, при што во иднина отстапките за пензиската реформа ќе бидат компензирани со, на пример, евентуални намалувања на даноците.

Грчкиот заменик министер за финансии, Јоргос Катругалос, коментира дека она кое тој го нарекува „глобална елита“ веќе предизвика редица шокови во последниве месеци и нема да се осмели да го провоцира гневот на неговите сонародници.

– Се забележува големо разочарување во Европа, особено во Грција, затоа што ние бевме најтешко засегнати од мерките во економијата, ми рече Катругалос. „Така што вистинското прашање сега е како да биде ставен крај на економските мерки и јас мислам дека постои надежта затоа што сметам дека елитата сфати дека не може да управува како претходно – изборот на Трамп покажа дека луќето нема да се согласат да бидат управувани како што било претходно“.

Нема да дознаеме дали вербата на грчкиот заменик министер за финансии е точна, додека неговата земја официјално не ги обнови своите преговори со кредиторите. Ако тој греши, тогаш раширеното мрачно расположение во Грција може да почне да се разведрува. Но засега кога грците ќе слушнат дека се зборува за „светлото на крајот на тунелот“, тие чувствуваат дека тунелот станува стравично долг, а светлината очајно слаба.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески