Грција одново не исплати обврски спрема ММФ

Од:

Грција одново не му исплати на Меѓународниот монетарен фонд побарувања од 450 милиони евра чиј рок измина вчера.

– Не беше извршено плаќање, изјави Џери Рајс портпарол на ММФ.

На 30 јуни Грција не плати 1.5 милијарди евра и стана првата индустријализирана држава која почна да трупа неисплатени обврски кон ММФ.

Поради тоа, кон Атина беше прекинат достапот до финансиски ресурси на ММФ и тоа ќе остане така се додека Грција не плати за оврските.

До 20 јули Грција треба да исплати 3,5 милијарди евра на Европската централна банка. Неплаќањето на обврските кон ЕЦБ може да има поголеми последици отколку кон ММФ, јавуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос