Грчкиот Парламент ќе гласа за мерките што ги бараат кредиторите

Од:

Денеска претпладне ќе почне дебатата за пакетот закони, таканаречен омнибус закон, кој ги содржи мерките што ги бараат кредиторите на земјата во замена за одобрување на третата финансиска помош од Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).

Заменик-претседателот на грчкиот парламент Јанис Балафас соопшти дека расправата ќе заврши вечерва на полноќ со гласање.

Дискусија ќе започне во десет часот на заедничка седница на четири релевантни парламентарни комисии кои ќе користат забрзани постапки, што значи дека целиот предлог-закон треба да се обработи во рок од 10 часа.

Седницата се очекува да трае до 14 часот најдоцна, кога нацрт-законот ќе биде поднесен за дискусија пред сите пратеници на пленерална седница, и вечерва ќе се гласа за него.

Омнибус предлог-законот вклучува два члена: првиот е изјавата на самитот во Брисел, а вториот има листа на претходни активности што се однесуваат на даноците и мерките за социјална сигурност.

Би можело да ве интересира

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов