Грчката Влада има потреба од една милијарда евра за плати и пензии до крајот на април

Од:

Новата грчка Влада до крајот на месецот има потреба од една милијарда евра за плати и пензии, што се случува во момент кога се споменува сценариото за банкрот и кога не е евидентен напредок во преговорите меѓу Атина и кредиторите.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и претседателот на Европската централна банка Марио Драги потенцираат дека без реформи нема пари, а „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Грција до степен „ѓубре“, коментира весникот „Та неа“.

Владата во Атина, пак за да го намали притисокот од страна на Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка,  подготвува алтернативни предлози на реформите, кои планира да им ги претстави на европските партнери. Тие се однесуваат на измени во пензискиот систем, на работните односи и на даноците, нешто што и самите кредитори го бараат.

За таа цел претседателот на Грчкиот совет за економски експерти Јоргос Хулиаракос има задача да почне на 18 април во Брисел интензивни консултации со европските партнери, за кои постои надеж дека ќе придонесат за напредок во преговорите, така што до крајот на месецот би била одблокирана некаква транша за земјата.

Во Атина денеска со интерес се следат и разговорите на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во Вашингтон. Тој таму ќе учествува на средбата на ММФ и Светската банка и ќе има средби со американскиот претседател Барак Обама, со претседателот на ЕЦБ Марио Драги и со колегите од САД и Италија. На таа средба ќе присуствува и Шојбле.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески