Граѓаните не ја оправдуваат одлуката за спојување на ОНЕ и ВИП

Од:

Не стивнуваат негодувањата на граѓаните на социјалните медиуми по вчерашната одлука за спојување на ОНЕ и ВИП на комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

„Одобрено спојувањето на ОНЕ и ВИП, наздравје поскапи цени”, е само еден од коментарите на социјалната мрежа твитер, а на што и А1 он предупредуваше пред носењето на одлуката.

„А1 он побара образложение на делот од соопштението во кое тие конкретно утврдуваат дека „пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на:

– пазарот на обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги. Имено спојувањето на ОНЕ и ВИП, кои се втор и трет мобилен оператор, ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и

– пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници. Имено реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и ДИГИ ќе станат дел од иста групација“.

Како што објаснуваат од таму Комисијата им дала можност на учесниците во концентрацијата, „Австрија Телеком“ и „Словенија Телеком“, да понудат обврски кон Комисијата со цел да се гарантира дека нема да се наруши конкуренцијата. Со овие обврски, сметаат од Комисијата, ќе се надминат ограничувањата на конкуренцијата кои би се појавиле како резултат на оваа концентрација.

Една од обврските наложува за краток период во земјата да влезе нов виртуелен оператор кој ќе се задржи најмалку 15 години, а кој ќе ја користи нивната мрежа.

Со оваа одлука ОНЕ и ВИП ќе имаат 52% удел на пазарот на телекомуникации и реално ќе станат доминантен играч на телекомуникацискиот пазар во земјава. Се очекува реакција и на регулаторите на двете европски земји Словенија и Австрија, дали тие ќе ја оправдаат одлуката на нивните македонски колеги.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Бизнисмените кои знаат плаќаат најмалку, а добиваат најмногу

Ана Ололовска

Со Vip Roam Surf целосна контрола на трошоците во роаминг

Ана Ололовска

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Наум Локоски

Документарната програма BBC Earth на Vip TV

Ана Ололовска

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска