Годинава 370,7 милиони евра поврат на ДДВ за фирмите

Од:

Повратот на ДДВ кон фирмите достигна 22,8 милијарди денари или 370,7 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа се 18 отсто повеќе во однос на лани. Министерот за финансии Драган Тевдовски за МИА вели дека повратот на ДДВ сега, за разлика од порано, се одвива редовно и навремено – по автоматизам.

Тевдовски посочува дека годинава е oстварен висок раст на наплатените даноци и придонеси. Заклучно со ноември, наплатата е повисока за 8,1 отсто во однос на лани.

-Подобрата наплата кај сите видови даноци, како и придонесите, е уште една потврда за позитивните движења во економијата и вработеноста, вели Тевдовски.

Тој посочува дека Владата идната година ќе го поддржи стопанството сo највисоки досега планирани средства за активни мерки за вработување во Буџетот, повеќе средства за поддршка на претпријатијата, како и средства за крупни инфраструктурни проекти.

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Горан Наумовски