Глас Истре: Хрватска не е рибарска нација, по потрошувачка е на дното на листата во ЕУ

Од:

Потрошувачката на риба во домаќинствата пресметано по „глава на жител“, покажува дека Хрватска не е рибарска нација и е на дното од листата на држави во ЕУ, а извозот на риба и преработки од риба опаѓа, објави Глас Истре.

Сепак, пораст е регистриран кај замрзната риба и рибни филети, додека свежа риба е извезено шест отсто помалку. На хрватската увозна листа е и жива украсна риба од Индонезија и Сингапур, пастрмка од БиХ, а се увезуваат и шкампи и јастози од низа држави меѓу кои и Словенија и Унгарија.

Регистриран е и увоз на икра од Велика Британија, Италија и Данска што покажува дека Хрватите не се откажале од кавијар како ниту од смрзнати јастози од Португалија, Данска, Словенија, Унгарија и Сингапур.

Според податоците кои потврдуваат дека секој жител на Хрватска конзумира по околу девет килограми риба во една година, Хрватска е на дното на држави во Европската унија. Просек за европски држави е 21 килограм годишно додека светски прваци се жителите на Исланд кои конзумираат 90 кг. риба по глава на жител во едногодишен период.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски