Германија предлага Грција покрај еврото да воведе и паралелна валута

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојлбе на еден од последните состаноци посветен на кризата во Грција ја спомена можноста Владата на Алексис Ципрас покрај еврото да воведе уште една национална валута доколку земјата не успее да се договори со меѓународните кредитори.

Извори од неговото опкружување на американскиот ТВ канал Блумберг велат дека тој лично на ја сакал користење на паралелна валута, но на состанокот како функционален го споменал примерот со Црна Гора, која не е во еврозоната и во ЕУ, но сепак го користи еврото како национална валута.

Со информациите кои доаѓаат од тимот на еден од главните фактори кои што треба да одлучат за судбината на грчката финансиска криза се зголемуваат шпекулациите дека Германија и нејзините ЕУ партнери се подготувуваат за најлошото сценарио во кое Грција ќе ја напушти еврозоната. Сепак не се исклучува и дека иннформациите од тимот на Шојбле се само предупредување до Грција и подобро позиционирање пред финалните преговори со Грција, која што во јуни ја очекува плаќање на стотици милиони евра долг кон ММФ, Европската централна банка и други кредитори.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела