Германија поддржува ембарго за увоз на руска нафта

Од:

Германија ја поддржува Европската унија во нејзината намера да воведе ембарго за увоз на нафта од Русија. За време на последните прелиминарни разговори за шестиот пакет санкции против Русија, Германците гласаа за забраната, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Во моментов, само неколку европски земји го блокираат ембаргото за испорака на нафта од Русија. Тоа се Унгарија, Австрија, Словачка, Шпанија, Италија и Грција.

Новиот пакет санкции против Русија, покрај постепеното укинување на купувањето нафта, би можел да опфати и дополнителни санкции против банкарскиот сектор, особено Сбербанк, како и ограничувања против голем број физички и правни лица.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци